Ние сме
Непрофитабилна организација

чија цел и мисија е возобновување на вистинските православни вредности

Главни цели и приоритети

Запознајте дел од нашиот волонтерски тим

Прекрасни и секогаш полни со енергија

Ова е само мал дел од членовите кои стојат зад успешната организација на Бадниковите поворки.

Здружението брои уште најмалку 50 волонтери, без чие несебично залагање и поддршка нашата мисија не би можела да се реализира. Нивната посветеност е непроценлива, и од срце им благодариме за секој нивен придонес.

Милан Копчаревски

Претседател на Здружението

Билјана Лончар

Координатор

Александар Тодоровски

Координатор

Летка Филипова

Регионален координатор

Анѓеле Ивановски

Координатор

Ангел Мицевски

Дизајнер

Јасна Николовска

Регионален координатор

Милена Ристова - Михајловска

Регионален координатор

Марија Мицевска

Специјалист за социјални медиуми

Нашето патување

Придружете ни се на нашето патување од скромниот почеток до многубројните поворки што ги обединија сите генерации под сјајната ѕвезда која го најавува Христовото раѓање.

Почетоци

Во Битола и Охрид, нашите чувари на традицијата, за првпат се раѓа идејата за возобновување на Бадниковите поворки со пеење на Божиќните каланди.

Први чекори - 2009

„Вечниот Бог“

Во 2011 година беше снимен првиот спот за возобновената Божиќна песна „Вечниот Бог“ во интерпретација на Ламбе Алабаковски и група дечиња од Битола и Охрид. Оттогаш беа снимени уште неколку песни со видео записи во кои земаа учество многу јавни личности.

Снимен првиот спот за „Вечниот Бог“ - 2011

„Бадникови поворки“

Здружението „Бадникови поворки“ е основано во Скопје на 9 февруари 2017 година, а регистрирано на 16 февруари 2017 година во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Во декември 2018 година, Здружението се регистрираше и за вршење издавачка дејност во Централниот регистар.

Официјално основање на Здружението - 2017

„Најубавиот подарок за Божиќ“

Првата сликовница, „Најубавиот подарок за Божиќ,“ беше издадена во јануари 2019 година. Во декември 2023 година, беше издадена втората сликовница „Божиќна авантура во градот на снегулките.

Сликовница - 2019

Детска претстава

Во јануари 2019, инспирирани од сликовницата „Најубавиот подарок за Божиќ,“ Дејан Лилиќ, Снежана Коневска Руси и младите актери од Тинтири Минтири подготвија Божиќна детска претстава, изведена на Бадник 2019 како дел од Големата Божиќна манифестација.

Божикна претстава за деца - 2019

Симболот на Божиќ

Божиќната пештера, најголемата во Македонија (висока 5,8 метри и широка 5,2 метри), за првпат беше поставена во 2018 година во Скопје, пред Соборниот храм. Како симбол на надежта и радоста, таа го раскажува настанот на Христовото раѓање и нè потсетува на Божиќ.

Божикна пештера - 2018

Орден Претеча II Ред

Во октомври 2020 година, Здружението „Бадникови поворки“ беше одликувано со Орден Претеча II ред од Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител, како признание за посветеноста и трудот во зачувувањето на традициите и промовирањето на Божиќните поворки.

Награди и признанија - 2020

„Вељо Манчевски“

Во декември 2023 година на Здружението „Бадникови поворки“ му беше доделено највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Награди и признанија - 2023

Вистинско ремек дело

Во пресрет на празниците, на плоштад Македонија во Скопје беше поставена нова, величествена божиќна пештера – вистинско ремек-дело на врвни уметници и вајари. Со својата извонредна изработка, деталност и естетика, таа веднаш го освои вниманието на минувачите и внесе празнична топлина во градот. Пештерата претставува симбол на вера, надеж и радост, и уште еднаш го потврди Скопје како центар на божиќната магија во регионот.

Божикна пештера - 2024

Вклучи се и ти!

Придружи се кон радосната традиција!

 

Секој што сака да се приклучи кон нашите поворки е добредојден!
Доколку во вашата општина сè уште нема организирано Бадникова поворка, пишете ни и придружете се во ширењето на оваа прекрасна традиција.