• За нас
  • Донации
  • Новости
  • Контакт
  • Годишни извештаи
Донирај

Бадникови поворки во 75 градови и населени места во Р. Македонија

На 6 јануари 2025 година, во вкупно 75 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца беа дел од Бадниковите поворки на радоста, кои пеејќи ја каландата „Вечниот бог“ го најавуваа Христовото раѓање.

Празничниот ден започна со посета на нашата Претседателка д-р Гордана Силјановска Давкова, која во претседателската вила на Водно ги прими дечињата од составот „Златно славејче“, а потоа, на наша голема радост, заедно со својата внука, присуствуваше на божиќниот концерт на Плоштадот Македонија.

Речиси во исто време, огромен број на деца го посетија нашиот возљубен Архиепископ, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, кому со посебна среќа во срцата му ја отпеаја каландата “Вечниот Бог”, најавувајќи му го Христовото Рождество.

Најголемата Бадникова поворка во Скопје се оформи во 12 часот од пред Музејот на Град Скопје, која преку Ул. Македонија пристигна на градскиот плоштад на кој се одржа голем празничен концерт. На оваа празнична манифестација настапија Златните славејчиња, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски – Некст Тајм, Никола Перевски – Пере и младите талентирани музичари, попознати како средношколците од Луј.

Водители на настанот беа популарните детски ѕвезди Марија Јанчевска и Јован Дукмеџиев.

Тимот на Бадникови поворки изразува ОГРОМНА БЛАГОДАРНОСТ до сите учесници во БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025, почнувајќи од коледарчињата, па се’ до организаторите.

Изразуваме посебна благодарност до помагателите на овогодинешната манифестација: Премиерот г. Христијан Мицкоски, Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник г. Орце Ѓорѓиевски, до градоначалниците на сите скопски општини, како и до Министерството за култура и Град Скопје.

Во исто време, свечени Бадникови поворки со учество на илјадници деца и нивните семејства се организираа и во 75 градови и населени места во Македонија и Дијаспората.

Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Скопје, поворката беше крунисана со празнични концерти на пригодни божиќни песни во кои учествуваа локалните ѕвезди и хорови.

Нека оваа пренесена празнична радост ни биде расположение кое ќе не’ следи целата година.

❤️🌲🌟 БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025 – Пренеси ја Божикната радост до секое срце!

  • ѕвезда
  • каланда
  • пештера

Post navigation

Previous
Next

Leave a Reply Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Search

Categories

  • Бадник (10)
  • Деца (11)
  • Музика (2)
  • Општо (4)
  • Театар (1)
  • Традиција (12)

Recent posts

  • „Божикна авантура“ нè собра сите во едно срце.
  • Сите информации за Бадникови поворки 2026
  • Бадникови поворки во 75 градови и населени места во Р. Македонија

Tags

Equality Social Бадник Божик Божикна авантура Божикна пештера Божикна поворка Вечниот Бог Златно славејче Музеј на Град Скопје Плоштад Македонија Скопје Христово раѓање бадникова традиција бадникови поворки верска манифестација детски хор духовна музика каланда коледари македонска традиција пештера православен Божик празнична манифестација семејна прослава улица Македонија ѕвезда

Поврзани вести

„Божикна авантура“ нè собра сите во едно срце.

Community development empowers local people to take charge of their own initiatives.

Посета на Архиепископот г.г. Стефан

Community development empowers local people to take charge of their own initiatives.

Посета на Претседателката Гордана Силјановска Давкова

Community development empowers local people to take charge of their own initiatives.

Здружение за возобновување на вистинските православни вредности

Facebook-f Instagram Youtube Tiktok

Линкови

  • За нас
  • Донации
  • Новости
  • Контакт

сметка за донации

  • 200003132044147 Стопанска Банка АД Скопје
  • contact@badnikovipovorki.mk

© Бадникови поворки. Сите права задржани.

  • Terms & conditions
  • Privacy policy