„Божикна авантура“ нè собра сите во едно срце.
Вчера вечер, во кино Фросина, се случи вистинска Божикна магија. Нашата „Божикна авантура“ нè собра сите во едно срце.
Детските гласови на „Златно славејче“ и на градскиот детски хор „Лале“ од Тетово, со солистката Нела Манчевска, го исполнија просторот со чистота, радост и надеж. Во тие мигови, Божик не беше само празник – беше чувство што нè прегрна сите.
Со секоја нота, со секој збор и секоја насмевка на сцената, се потсетивме дека најголемото богатство не се наоѓа во нешта, туку во љубовта, сплотеноста и светлината на чистото срце.
Приказната за Ана, Сара и Марко, оживеана преку актерите Калина Бошковска, Нина Младеновиќ и Иринеј Ковчиќ, нè поведе низ градот на снегулките и нè врати таму каде што сè започнува – во верата, во детската искреност и во божествената љубов.
Мјузиклот е реализиран во режија на актерот Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска и сценографија на Зоран Тошески. Претставата е создадена според сликовница чија идеја е на Ангел Мицевски, а текстот е дообликуван од Марија Ангеловска Дангева.
Оваа вечер не би била иста без несебичната посветеност на Ансамбл Симбиоза, актерите, музичарите, волонтерите и сите што два месеци тивко и со многу љубов ја градеа оваа бајка.
Ние сме благодарни на Бога што и оваа година заедно ја живеевме мисијата, а тоа е достоинствено да го најавиме Христовото Раѓање, низ детска радост и народна љубов.
Синоќа си заминавме со срца полни. Со светлина што сакаме да ја носиме и понатаму.
Со надеж дека оваа Божикна радост ќе продолжи да нè обединува – дома, на улица, во секојдневието.
Благодарност до Град Скопје и МКЦ што ни го отстапија просторот.
Благодарност до Град Скопје и МКЦ што ни го отстапија просторот.
А вистинската… таа останува во срцето.
Христос се роди! Навистина се роди!




