БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025 – Пренеси ја Божикната радост до секое срце!

Оваа година, обединети под мотото Пренеси ја Божикната радост до секое срце – со огромна радост ви го најавуваме најсветлото празнично доживување, кое преку ангелското пеење на нашите најмили – децата, ќе ги стопли срцата на сите нас.

Токму така! БАДНИКОВИ ПОВОРКИ и оваа 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани, ширум земјава и странство.
Затоа, ајде сите заедно да ја пренесеме божикната радост во секој град, секое населено место, во секој дом и да го почувствуваме благословот на Христовото Раѓање.

✨ За родители и семејства:
Соберете ги вашите најмили – децата, внуците, најмладите ваши соседи – и соодветно подгответе се за најрадосното празнично чекорење. Започнете со учење и повторување на омилената меѓу децата „Вечниот Бог“ и уживајте во заедничките моменти со нив, изработувајќи свои уникатни божиќни ѕвезди.

✨ За сите градови и населени места:
Придружете ни се и заедно да создадеме празнични спомени кои ќе ни ги греат срцата преку целата година. За сите подетални информации околу вашето учество во мрежата на Бадниковите поворки, обратете се на нашиот е-маил: contact@badnikovipovorki.mk и нашиот посветен тим веднаш ќе ве контактира.

Ние започнавме со подготовки, а вие? 

2 Comments

    • Почитувана Ивана, ви благодариме за вашиот интерес да се приклучите на Бадниковите поворки.
      Пишете ни од која општина сте и ќе ви пишеме подетално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *