Бадник 2025
Драги дечиња,
На 5 ти Јануари, во вечерните часови, со пештера во рацете тргнете со своите другарчиња во помали групи и посетете ги домовите на вашите пријатели и најавете го празникот Божиќ.
. . .
📍 На 6ти Јануари, пак, во 12 часот, сите заедно да се собереме пред Музеј на Град Скопје и да ја формираме најголемата Бадникова поворка, која ќе заврши со голем божиќен концерт на плоштад ,,Македонија".
✨ ЗЛАТНА ЅВЕЗДА со нов дизајн за секое дете
🎁 ПОДАРОК за секое дете
💫 Бадникови поворки во сите останати градови и населени места на 6-ти Јануари.
Ќе ечи ,,Вечниот Бог”!!!
За деталите од нашите активности дополнително ќе ве информираме.
Децата, како симбол на ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање!
Зарем се пропушта вакво нешто?
Сите во поворка! 🥰
……………………………..
❤️🌲🌟 БАДНИКОВИ ПОВОРКИ 2025 – Пренеси ја Божикната радост до секое срце!



